Достапни линкови

Расте билансот во Непал- 5500 загинати


Властите во Непал соопштија дека бројот на загинатите во разурнувачкиот земјотрес од саботата достигна 5 илјади и 500. Според полицијата во Катманду, 11 илјади и 440 луѓе биле повредени. Потресот чиј епицентар беше во близина на главниот град предизвика и лавина, во која загинаа 19 луѓе во кампот на Монт Еверест.

Земјотресот остави последици и во соседните земји, па во Индија и Бангладеш загинале 61 лице, додека кинеската агенција Синхуа јави дека на Тибет загинале 25 луѓе.

Обединетите Нации побараа 415 милиони долари да бидат дадени за виталните потреби на населението во Непал, како што се засолништа, вода, храна, санитарии и итна медицинска помош во наредните три месеци.

XS
SM
MD
LG