Достапни линкови

Времето променливо со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во пладневните часови ќе има појава на краткотраен повремен дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Утринската температура се движи од два до девет, а дневната ќе биде од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со појава на краткотраен дожд повремено со умерен интензитет. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во попладневните часови во овие денови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд.

Утре и в сабота ќе дува и повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови од земјата.

XS
SM
MD
LG