Достапни линкови

logo-print

Павлопулос: Грција нема да излезе од еврозоната


Грција нема да излезе од еврозоната и сите кредити ќе бидат вратени, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во интервју за германскиот весник „Шпигел“. Некои од мерките кои ни беа наметнати во замена за финансиска помош излегуваат од рамките на законите на Европската унија, а ние сакаме да бидеме рамноправни со другите европски земји, рече Павлопулос, додавајќи дека се проблематични критиките кои меѓународните кредитори ги упатуваат кон Атина поради воведувањето на минимална плата и други права на работниците.

Тој исто така додаде дека дел од мерките кои се бараат не поттикнуваат економски раст во Грција, туку напротив, водат подлабоко во рецесија.

Грција во доцните 1970-ти години силно се бореше да стане дел од Европа, а јас не можам да ја замислам надвор од ЕУ. Идејата за т.н. „Грегзит“ не е нешто за што размислувам, рече грчкиот претседател.

XS
SM
MD
LG