Достапни линкови

Фридом Хаус: Слободата на печатот во Македонија најниска на Балканот


Новите рестриктивни закони и насилството врз новинарите придонесоа за глобално опаѓање на слободата на печатот во 2014 година, донесувајќи ја на најниско ниво во последните повеќе од 10 години, соопшти Фридом хаус. Во извештајот објавен денеска, организацијата со седиште во САД нагласува дека слободата на печатот значително е намалена во 18 земји и територии, а најголемиот пад е забележан во Азербејџан, Србија и Ирак. Во извештајот се наведува дека Белорусија, Крим, кој е под руска окупација, Иран, Туркменистан и Узбекистан се меѓу 10-те најлоши земји и територии во светот според слободата на печатот, додека Македонија била со најлош резултат на Балканот.

Критикувана е азербејџанската влада за користење притворања, како и затворања на канцеларии на медиуми за да се сузбијат истражувачки извештаи за корупција и антивладини ставови.

Во извештајот се вели дека медиумскиот сектор во Русија се повеќе е во сопственост на државата, на „приватен сектор кој се однесува поданички спрема политичкото раководство“, или на бизнис интереси кои не ги дозволуваат содржините што се критички спрема владата.

XS
SM
MD
LG