Достапни линкови

Времето врнежливо, попладне разведрување


Времето во Македонија претпладне ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд кои малку подоцна ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој долж Повардарието на моменти ќе биде со посилен интензитет.

Утринската температура се движи од седум до 14, а дневната ќе биде од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди иако во раните утрински часови и во Скопје ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено утре.

XS
SM
MD
LG