Достапни линкови

Авганистан-Продолжуваат борбите во покраината Кундуз


Авганистанските власти соопштија дека испратиле засилување во градот Кундуз каде безбедносните сили се борат со талибанците. Безбедносните сили се обидуваат да ја вратат контролата врз позициите кои талибанците ги освоија во претходните денови на периферијата на градот. Борбите се водат во близина на аеродромот, кој се уште е под контрола на владините сили.

XS
SM
MD
LG