Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-СДСМ си даде нов автогол


Од ВМРО-ДПМНЕ денеска по последната прес конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев реагираат дека партијата си дала нов автогол. Според нив, очигледно е оти во СДСМ се во шок по фијаското и дебаклот на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја подржуваат нивната деструктивната политика. На сите им е јасно, како што е наведено дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признале пред институциите, го организирале прислушувањето и делувале во соработка со странските елементи.

Според ВМРО ДПМНЕ, најприслушувани биле луѓето од државниот врв што укажува дека ниту Груевски, ниту Мијалков не дале наредба да се прислушуваат самите себе. Од партијата порачуваат дека со креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев потврдил дека измените на законот за следење на комуникации се донесени во транспарентна и демократска процедура, во процес на политички дијалог и со меѓународна верификација, и истите се изгласани и поддржани од пратениците на СДСМ.

XS
SM
MD
LG