Достапни линкови

Мијатовиќ-Властите да гарантираат здрава медиумска средина


Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска ги повика властите да гарантираат здрава медиумска средина со цел да им се осигура безбедноста на новинарите во Македонија.

„Последните закани против новинарите се длабоко загрижувачки. Медиумите мора да останат слободни од заплашувањата со цел да имаат независен, критички и плуралистички глас во општеството. Ги повикувам властите веднаш да ги истражат сите такви напади“.

Според неа, инцидентите се само дополнување на и така задушената медиумска околина во земјата каде неодамна имаше апсења и осудување на новинари и нивно етикетирање како странски платеници, како и смртни закани и други акти на заплашување. Таа порачува дека таквиот тренд мора да запре. Воедно, како што е наведено во реакцијата, Мијатовиќ нагласува и дека новинарите мора да се поддржуваат меѓу себе, бидејќи манифестираните поделби само ги зголемуваат нивните проблеми.

XS
SM
MD
LG