Достапни линкови

Средношколците до власта - Вам повеќе ви гори под нозе!


Ни дождот не им ја поголеба вербата на средношколците во нивната борба. Тие остануваат во кампот на Пленумот и веруваат дека надлежните ќе ги прифатат нивните барања.

Втората по ред средба меѓу Средношколскиот пленум и надлежните од Министерството за образование и наука, влева доза оптимизам кај учениците дека надлежните ќе ги прифатат нивните барања.

Се глeдаме од карши со тие што ни се ривали, тие што два месеци до сега не не примија на состанок. Но, два часа откако ги заковавме првите шатори, тие одма ни се јавија и не повикаа на средба. Исто така и денес! Реално, јас мислам дека ова ќе го вергламе цела недела, бидејќи нив многу повеќе им гори под нозе. .

Низ многу комуникација и дебати на различни теми, играње друштвени игри, кафе, чај и многу шега, средношколците ја поминаа првата вечер во шаторите, во така наречениот камп на Пленумот во „Паркот на новинарите“, спрoти Министерството за образование.

Дождливото време не беше пречка, 30-тината ученици да преспијат во шаторите, а до раните утрински часови со нив беа и стотина средношколци, студенти и родители, кои им ја даваат поддршка да истраат до постигнувањето на поставената цел.

„Баш ми е мило што можеме да седиме, да си раскажуваме, да цитираме некои книги или некои музички артисти. Исто така да се дружиме! Ако некој е уморен, ќе си заспие одма, ако не, развиваме дебати пред да заспиеме. Многу е кул дека има поголема дружба, таа чистота и љубов се развива на многу поголемо ниво. Бидејќи многу не прават пасивни! Со сета таа модерна прогресија и сета таа технологија, нас индиректно ни викаат седи дома, биди задоволен со својот монитор и имај некој вештачки и егоистички живот“, вели средношколец.

Ветување се уште немаме, чекаме на уште еден состанок кој треба да се одржи утре. Оптимисти сме по денешниот состанок и веруваме дека ќе наидеме на разбирање од страна на Министерството.

Овој ученик е еден од оние кои 24 часа се во шаторите во кампот на Пленумот. Вели дека оттаму не мрдаат, бидејќи со многу цврстина и љубов веруваат во нивната битка.

„Се глeдаме од карши со тие што ни се ривали, тие што два месеци до сега не не примија на состанок. Но, два часа откако ги заковавме првите шатори, тие одма ни се јавија и не повикаа на средба. Исто така и денес! Реално, јас мислам дека ова ќе го вергламе цела недела, бидејќи нив многу повеќе им гори под нозе. Кул е целата ситуација и ние ќе продолжиме да го правиме ова, се додека не бидат исполнети нашите барања.“

Додека разговаравме со матурантите од Средношколскиот пленум, нивните соученици беа на средба во Министерството за образование и наука со министерот и заменикот, Абдилаќим Адеми и Спиро Ристоски. По тринеделниот бојкот на наставата, протестните маршови, кампот, учениците излегоа расположени со очекувања за успешни преговори,

„Можеме да кажеме дека разговорите одат во одлична насока, очекуваме во најбрз можен рок да постигнеме компромис, односно да постигнеме резултат што највеќе ќе ги задоволи двете страни, особено нас учениците.“

„Преговорите се во тек, одат во позитивна насока и уште ќе преговараме. Ние ги изложивме нашите барања и нашите ставови дека сакаме да се врати стариот концепт на полагање на државна матура. Ни беше кажано дека ќе добиеме информации во текот на утрешниот ден. Ветување се уште немаме, чекаме на уште еден состанок кој треба да се одржи утре. Оптимисти сме по денешниот состанок и веруваме дека ќе наидеме на разбирање од страна на Министерството“, рече Александар Милевски од средното училиште Ѓорги Димитров.

Учениците иако не добиле никакво ветување во Министерството, велат дека очекуваат нивните предлози да поминат на владина седница, односно да биде вратен стариот концепт на државна матура и да бидат направени суштински промени во екстерното тестирање.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG