Достапни линкови

Порошенко предупредува на војна во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека заканата од војна виси над неговата земја откако продолжува прекршувањето на примирјето во источна Украина. Тој говорејќи на меѓународната конференција во Киев порача и дека земјата има потреба од помош и солидарност за да се спречи конфликтот да ескалира и да се реши ситуацијата во регионот Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Повеќе од 6100 лица загинаа во борбите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG