Достапни линкови

Работник на ОН киднапиран во Ирак


Припадник на мисијата на ОН бил киднапиран од вооружени лица во источната ирачка покраина Дијала. Портпаролката на ОН, Елиана Наба изјави дека мажот бил киднапиран во близина на седиштето на владата во главниот град на покраината Бакоуба. Локалните безбедносни сили соопштија дека мажот бил принуден да го напушти својот автомобил и бил киднапиран среде бел ден. Братот на жртвата соопшти дека од семејството бил побаран откуп од 100 илјади долари за негово ослободување.

XS
SM
MD
LG