Достапни линкови

Приведено едно лице поврзано со нападот во Зворник


Приведено е едно лице во Тузла кое според полицијата е поврзано со синоќешниот напад врз полициската станица во Зворник. Во нападот беше убиен еден полицаец, а двајца беа повредени. Апсењето е извршено од претставници на заедничката истражна екипа, составена од претставници на агенцијата за разузнавање СИПА и Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Според полициски извори, напаѓачот, кој беше убиен во престрелката со полицијата, е 24-годишниот вахабист Нердин Ибриќ од Сапно.

XS
SM
MD
LG