Достапни линкови

Според податоците на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит во првите три месеци од годинава е 102 милиони евра, што е повеќе од една третина од дефицитот предвиден да се направи во целата година.

Дупката во државната каса надмина 100 милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит во првите три месеци од годинава е 102 милиони евра, што е повеќе од една третина од дефицитот предвиден да се направи во целата година. Дополнително, овој месец, владата зеде нови кредити од 48 милиони евра, а врати стари од 18,6 милиони евра, односно го зголеми долгот за 29,4 милиони евра.

Мојата претпоставка е дека нема да има позначајни промени во економската политика која се практикуваше во изминатиот период и според мене реално е да очекуваме зголемување на буџетскиот дефицит.

Буџетската дупка веројатно ќе се продлабочува ако се има предвид дека во ек на политичката криза, владата стана подарежлива и најави серија мерки и олеснувања за граѓаните и стопанството за кои не беа предвидени пари. Од друга страна, економистите предупредуваат дека продлабочувањето на кризата ќе влијае и на економијата, па веројатно државната каса нема да се полни според очекуваното што ќе доведе до зголемување на долгот на државата.

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски вели дека поради намалената стопанска активност предизвикана од политичката криза реално е да се очекува буџетот да не се полни според планираното и оти веројатно ќе има ребаланс.

Задолжително е да се намалат трошоците. Поготово со непланираните вработувања што во последно време се вршат, фактички тоа ќе влијае на нова дупка во буџетот.

„Мојата претпоставка е дека нема да има позначајни промени во економската политика која се практикуваше во изминатиот период и според мене реално е да очекуваме зголемување на буџетскиот дефицит“, вели Ивановски.

Со сличен став е и професор Сеадин Џафери, кој потсетува дека и во изминатите години буџетскиот дефицит бил повисок од планираното.

„Задолжително е да се намалат трошоците. Поготово со непланираните вработувања што во последно време се вршат, фактички тоа ќе влијае на нова дупка во буџетот“, вели Џафери.

Во министерството за финансии прашавме дали сметаат дека до крајот на годината дефицитот ќе се задржи во рамките на проектираните 3,5 отсто од БДП-то или ќе има ребаланс, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор.

Годинава е предвидено буџетскиот дефицит да изнесува 3,5 отсто од БДП, односно 300 милиони евра. Во изминатите неколку година, дупката во државната каса е поголема од планираното. Јавниот долг на крајот на минатата година бил речиси четири милијарди евра, односно скоро 46 отсто од БДП-то. Понови податоци за задолженоста нема. До минатата година, податоците за задолженоста се објавуваа еднаш месечно, но од годинава Министерството за финансии ги објавува тримесечно.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG