Достапни линкови

БиХ: убиен полицаец во напад врз полициска станица


Еден полицаец е убиен, а двајца се повредени откако еден вооружен маж упаднал во полициската станица во Зворник, БиХ и пукал. Нападот бил извршен од припадникот на вахабиското движење, 24-годишниот Нердин Ибриќ од село близу Зворник, кој вооружен со автоматска пушка пукал врз полицајците, извикувајќи „Алах е голем“.

Напаѓачот е совладан и убиен, потврди портпаролката на Центарот за јавна безбедност на Бјелина, Александра Симојловиќ.

По нападот остро реагираа Владите на Босна и Херцеговина и на Република Српска, кои свикаа итни седници.

Министерот за внатрешни работи на РС, Драган Лукач изјави дека „станува збор за најлош терористички акт“ и оти полицијата го подигнала степенот на безбедност на највисоко ниво.

XS
SM
MD
LG