Достапни линкови

logo-print

Времето денеска нестабилно со врнежи


Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и со појава на град, особено во јужните и источните делови од земјава.

Утринската температура се движи од четири до 11, а дневната ќе биде од 19 до 26 степени во крајниот југоисточен дел.

Во Скопје времето ќе биде променливо, попладне нестабилно и облачно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Утре ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура која ќе се движи од 14 до 21 степен.

XS
SM
MD
LG