Достапни линкови

Според владините објави нападот врз Гошинце е четврт по ред терористички напад за само три години во Македонија. За теоретичарите проблем е што безбедносните случување честопати се испровоцирани или злоупотребени за политички цели.

Полициски и воени хеликоптери секојдневно го надлетуваат Скопје. По една недела од нападот врз караулата во Гошинце, досега полицијата го пронајде само дел од оружјето што било украдено. Одговорноста за нападот на социјалната мрежа Фејсбук за презел извесен командант НАТО, но Министерството за внатрешни работи се уште не соопшти информации до каде е потрагата по сторителите.

Во смисла на слаб безбедносен систем или слаба безбедноста заштита, можеме да утврдиме дека на Република Македонија безбедносните закани и се зголемени, без разлика дали се од внатрешен или од надворешен елемент.

Според владините објави нападот врз Гошинце е четврт по ред терористички напад за само три години во Македонија. Претходници на овој инцидент беа нападите врз фасадата на Владата, а петкратното убиство кај Смиљковското езеро беше првиот дефиниран терористички чин. Според теоретичарите, безбедноста во државата е начната, но таа не е проблематична само во земјава, туку во цела Европа. Во ваква ситуација се наметнува прашањето за квалитетот на работата на безбедносните служби.

Професорот по разузнавање, Стефан Буџаковски, вели дека со последните случувања изгледа дека навидум безбедносната состојба е нарушена.

Ако ставите забелешка на нашите безбедносни служби, ќе треба да ставите забелешка на сите западни безбедносни служби, за кои сметаме дека се над нас.

„Во смисла на слаб безбедносен систем или слаба безбедноста заштита, можеме да утврдиме дека на Република Македонија безбедносните закани и се зголемени, без разлика дали се од внатрешен или од надворешен елемент“, вели професор Стефан Буџаковски.

Професорот од Воената академија во Скопје, Методи Хаџи Јанев, вели дека за оцена на квалитетот на безбедносните служби се потребни повеќе параметри, а не само информации за последните случувања.

„Во вакви услови на дејствување на асиметрични закани на глобално општество и на општество во кое живееме и каде што се отворени границите и многу од главните безбедносни пристапи се ништовни или не се применливи заради поинаквиот пристап на функционирање на модерните општества, тоа значи дека ако ставите забелешка на нашите безбедносни служби, ќе треба да ставите забелешка на сите западни безбедносни служби, за кои сметаме дека се над нас“, вели Хаџи Јанев.

Дополнително во изминативе две години, земјава ја погодија две големи афери за шпионажа. Според владините објави едната е аферата „Пуч“, а втората за која има веќе судска разрешница е „Шпион“. Во оваа афера беа инволвирани поранешни или сегашни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми. А во меѓувреме во изминативе два месеца опозицијата објавува информации за прислушувани телефонски разговори, за кои тврди дека ги снимала власта, на околу 20 илјади граѓани.

Аналитичарите велат дека проблематично е тоа што сите случувања, па и безбедносните, честопати се испровоцирани или злоупотребени за политички цели.

„Ние имаме поголем проблем од политичката незрелост, отколку воспоставување на ефикасен безбедносен систем. Политичките структури неизградувајќи дигнитет којшто значи однесување на политичкото дејствување во согласност со интересите на Република Македонија, извитоперени кон интересите на политичките партии за доаѓање или за соборување на власта или за опстојување на власт ги нарушуваат сите овие системи“, вели Буџаковски.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG