Достапни линкови

Учениците од различни етникуми во потрага по заеднички јазик


Фотографии на УСАИД од различни активности во кои се вклучени ученици од Македонија.

Фотографии на УСАИД од различни активности во кои се вклучени ученици од Македонија.

Учениците од основните училишта Наим Фрашери од Студеничани и Кузман Шапкарев од Драчево работат на заеднички проекти од различни области, чија цел е запознавање на јазикот, културата и традицијата на другиот.

Во Македонија не се случуваат само лоши етнички работи, како тепачки меѓу учениците, туку и убави приказни. Ова го покажуваат и искуствата од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието за усогласување на разликите со кои се опфатени основното училиште Наим Фрашери од Студеничани и Кузман Шапкарев од Драчево.

Многу е интересно, зошто работиме за чист и здрав амбиент, но правиме и други проекти, не само за екологија.

Досега имале 12 средби со заеднички активности во кои се вклучени речиси сите наставници, а последната средба се однесува на екологијата.

Учениците изразуваат позитивни квалификации за заедничките активности, изјавувајќи дека чистата животна средина ги засега сите етнички заедници.

Фотографии на УСАИД од различни активности во кои се вклучени ученици од Македонија.

Фотографии на УСАИД од различни активности во кои се вклучени ученици од Македонија.

„Направивме анкета на интернет, поставивме прашања – Дали сте задоволни од средината во која живеете? Сите одговори беа негативни, бидејќи Драчево е многу загадено и насекаде се фрлаат отпадоци“, вели Мако, ученик во осмо одделени.

„Многу е интересно, зошто работиме за чист и здрав амбиент, но правиме и други проекти, не само за екологија“, вели Омер, ученик во осмо одделение.

На претходните средби учениците имале активности од други наставни предмети како математика, англиски, а имале и заедничко извидништво и пешачење.

Анета Јумбрукова Алексова координатор на проектот од училиштето Кузман Шапкарев укажува дека целта на активностите не е само образовна, туку и воспитна.

„Воспитните ни беа побитни, тие се деца, самите ја водат, самите работат и не е толку битна математиката, англискиот или физиката на пример, колку што е битна соработката, која на крај секогаш ја остваруваат.“

Координатор од училиштето Наим Фрашери е Радинка Јовановиќ. Таа вели дека по повеќе од 12 средби меѓу наставниците и учениците, искуствата се позитивни и оти има интерес да продолжат овие дружења на ниво на спорт, посета на бизнис секторот во Студеничани, а во план е и снимање филм.

Тие самите заклучија дека меѓу нив нема разлика, тие се исти деца, само со јазикот така малку имаа проблем, но учат едни од други, си ги учат јазиците, сакаат да продолжат со овие активности, затоа што од ова имаат една придобивка.

„Тие самите заклучија дека меѓу нив нема разлика, тие се исти деца, само со јазикот така малку имаа проблем, но учат едни од други, си ги учат јазиците, сакаат да продолжат со овие активности, затоа што од ова имаат една придобивка.“

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието за усогласување на разликите наметнува прашања за правецот во кој се движи Македонија во 21 век. Суштината на активностите се потпира на заклучокот дека отстапувањето од прокламираните мултикултурни вредности може да има далекусежни и пошироки последици во општеството. Еве што покажала дебатата што ја организирало училиштето Кузман Шапкарев за или против потребата од организирање ваков проект.

„Ние што сме вклучени во проектот можеме да се запознаеме со традициите, обичаите јазикот на другите и повеќе да се зближиме, а потоа тоа да им го пренесеме на они кои не се толку вклучени во проектот и на тој начин да создадеме Македонија во којашто нема да има меѓуетнички тензии“, вели ученичка во осмо одделение во училиштето Кузман Шапкарев.

Со овој проект за меѓуетничка интеграција кој почна да се реализира во 2011 опфатени се сите основни и средни училишта. Проектот чини 5,2 милиони долари и го финансира УСАИД, а го имплементира невладината организација Македонски центар за граѓанско образование. Со дел од средствата досега се реновирани 35 училишта, а во план е реновирање на десетина други училишни згради.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG