Достапни линкови

Алтхаузер- Политичките последици се неизбежни


Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер денеска порача дека сериозните обвинувања за најновите настани и откритија во Македонија се уште не се соодветно адресирани. Според западните стандарди, како што наведе таа политичките последици се неизбежни. Алтхаузер за да биде јасна како и нејзиниот американски колега Хојт Ји посочи дека тоа подразбира оставки како предуслов за транспарентна судска разрешница. Според неа, само преку кредибилна истрага кој ја враќа политичката и судска одговорност може да се зачува евротлантската перспектива на Македонија. Таа додаде и дека многу од забелешките во извештаите на ЕУ се покажале како точни со оглед на најновиот развој на настаните во Макеоднија.

Алтхаузер имаше обраќање за време на денешното предавање на тема „Интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во поглед на актуелниот економски и политички предизвици на ЕУ“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ и Институтот за научни истражувања на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“.

XS
SM
MD
LG