Достапни линкови

logo-print

Нови жртви од земјотресот во Непал


Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди Непал во саботата порасна до речиси 4000 лица додека хуманитарните агенции се подготвуваат да извршат големи спасувачки акции во земјата. Полицијата соопшти дека досега се регистрирани 3904 жртви, а 7180 лица биле повредени. Силниот земјотрес предизвика лавини на Хималаите, при што загинаа 18 лица. Од лавините 61 лице загинало и во соседна Индија, а во Тибет имало 25 жртви. Во меѓувреме ОН соопштија дека се подготвуваат за масовна операција во Непал.

XS
SM
MD
LG