Достапни линкови

Јанкулоска-Пронајдено одземеното оружје од нападот во Гошинце


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека во вчерашната акција поврзана со нападот на полициската станица за гранична контрола „Гошинце“ полицијата пронашла и запленила дел од одземеното службено оружје. Таа информира и дека се трага по осомничено 55 годишно лице од село Брест и по останатите членови на групата за кои има индиции дека го извршиле нападот. Јанкулоска нагласи дека полицијата има индиции и повеќе можни сценарија за настанот, но сликата ќе биде јасна кога ќе има изјави и осомничени лица кои ќе кажат, условно речено, свои аргументи и образложенија во постапката.

Во однос на тврдењата дека „Гошинце“ е фингиран случај на власта, Јанкулоска изјави дека тоа може да се протолкува само како обид да се внесе дополнителен раздор и немир кај граѓаните на Македонија, бидејќи и самиот настан влијаел на чувството на сигурност на граѓаните и дополнително да се девалвира готовноста на безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG