Достапни линкови

Протести во Бурунди


Втор ден по ред во Бурунди се одржуваат протести против одлуката на претседателот по трет пат да се кандидира на функцијата, што критичарите сметаат дека се коси со Уставот на земјата. Стотици демонстранти подигнаа барикади и запалија гуми низ главниот град Бујумбура. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите. Некои од нив се судриле со полицијата. На вчерашните протести била распоредена и војската на земјата, при што во насилните судири загинале 5 демонстранти.

XS
SM
MD
LG