Достапни линкови

Ахмети-Стабилна и европска Македонија е во интерес на Косово


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети изјави дека Македонија нема став оти косовари го сториле делото кај Гошинце, туку дека тоа е став на некој поединец. Тој по средбата со косовскиот заменик премиер Хашим Тачи порача дека двете влади треба да разменуваат информации за инцидентот и оти една стабилна и европска Македонија е во интерес на Косово и интеграцијата во ЕУ. Ахмети порача дека тие комуницираат со Албанците околу границата со Косово и дека никој не сака насилство.

Според него, Албанците во Македонија не сакаат нова криза, но спроведување на Охридскиот Договор и сите да бидат еднакви во земјата е за доброто на сите. Ахмети изјави и дека состанокот помеѓу двете влади што ќе се случи наскоро, ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји и ќе отвори една нова перспектива.

XS
SM
MD
LG