Достапни линкови

Омар ал Башир реизбран за претседател на Судан


Суданскиот претседател Омар ал Башир

Суданскиот претседател Омар ал Башир извојува убедлива победа на изборите во земјата. Башир кој е на функцијата 25 години освои 94 проценти од гласовите. 71 годишниот претседател се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд, кој го обвини дека организирал геноцид и други злосторства во регионот Дарфур. Изборната комисија соопшти дека излезноста на гласањето била 46,4 проценти. Опозицијата го бојкотираше гласањето.

XS
SM
MD
LG