Достапни линкови

logo-print

Најмалку 3700 жртви во земјотресот во Непал


Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди Непал во саботата порасна на 3 илјади и 700 луѓе. Властите не успеале да стапат во контакт со најлошо погодени региони и се стравува дека бројката на жртви ќе биде над 5000 лица. Според властите, повредени се повеќе од 6 илјади и 500 лица. Силниот земјотрес од вчера предизвика нови лавини на Хималаите, а спасувачките агенции соопштија дека повеќето од болниците се преполни и имаат недостиг од медицински средства.

Претставници на ОН изразија загриженост дека силните бури може да бидат закана за многуте луѓе кои престојуваат на отворено, како и поради недостигот на вакцини, што би можело да предизвика заразни болести.

XS
SM
MD
LG