Достапни линкови

Иванов на прославата за победата над фашизмот во Русија


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов на 9 мај во Москва ќе присуствува на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот, информираат од неговиот кабинет. Според соопштението, Иванов одлуката ја донел водејќи се од политика базирана на државните интереси.

Оттаму наведуваат дека Иванов отсекогаш применувал политика на отвореност кон сите, односно одлуката да се присуствува на свеченоста во Москва на ниеден начин не е во спротивност со стратегиски приоритети кои ги има Македонија, членството во ЕУ и НАТО. Соработката на Македонија, како што е наведено со Русија, Кина и сите други земји кои имаат интерес, никогаш не било прашање на избор, ниту на било кој начин на сметка на стратешките цели.

XS
SM
MD
LG