Достапни линкови

logo-print

Во бура во Пакистан загинаа 45 лица


Пакистанските власти соопштија дека во бура која ја погоди земјата, загинале најмалку 45 лица, а повеќе од 200 биле повредени. Бурата која донела град и силни ветрови уништила згради, откорнала дрвја и предизвикала преки на струјата во градот Пешавар и неговата периферија.

Според локалните власти, војската и спасувачките тимови користат кранови за да копаат под урнатините во потрагата по преживеани. Метеоролошкиот завод во Исламабад ја окарактеризира бурата како мини торнадо.

XS
SM
MD
LG