Достапни линкови

Мустафа-Србија да одговара за злосторствата на Косово


Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа порача дека Србија треба да одговара за монструозните злосторства кои воените и паравоените формации ги извршиле во Косово во 1999 година. Тој на Меѓународниот ден на исчезнатите лица на својот фејсбук профил напиша дека оние кои ги извршиле злосторствата треба да излезат пред лицето на правдата и дека поминале многу години во исчекување да се дознае судбината на најсаканите.

Според него, косовските власти ќе ги искористат сите меѓународни институции да побараат откривање на исчезнатите, нивно враќање и спроведување на правдата за криминалците.

XS
SM
MD
LG