Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на загинати во земјотресот во Непал


Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди Непал во саботата порасна на 3 илјади и 200 луѓе. Според официјални лица, повредени се повеќе од 6 илјади и 500 лица. Силниот земјотрес од вчера предизвика нови лавини на Хималаите, а спасувачките агенции соопштија дека повеќето од болниците се преполни и имаат недостиг од медицински средства. Претставници на ОН изразија загриженост дека силните бури може да бидат закана за многуте луѓе кои престојуваат на отворено, како и поради недостигот на вакцини, што би можело да предизвика заразни болести.

Лизгањата на земјиштето ги попречуваат спасувачките екипи кои се обиделе да ги користат планинските патеки за да стигнат до оние на кои им е потребна помош. Соседните земји испратија воени транспортни авиони натоварени со медицински материјал, храна и вода. Земјотресот од саботата беше еден од најсилните што ја погодиле оваа јужноазиска држава во последните повеќе од 80 години. Уништени се делови од најстарите населби на Катманду и беше почувствуван во делови на Индија, Бангладеш, региони на Кина, на Тибет и во Пакистан.

XS
SM
MD
LG