Достапни линкови

logo-print

Времето претпладне сончево, попладне наоблачување


Претпладне времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура во земјава е во интервалот од 3 до 10, а дневната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје пртпладне ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура е 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Веќе од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го смени правецот во северен и поради спуштање на посвеж воздух од север, дневната температура ќе опадне за неколку степени.

XS
SM
MD
LG