Достапни линкови

logo-print

ДИК - До 18 часот гласале над 36 проценти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Државната изборна комисија информираше дека излезноста на референдумот за ГТЦ до 18 часот е 36, 29 проценти. Ова се податоци од 72, од вкупно 78 избирачки места, велат од ДИК.

Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија. Вчера своето право на глас го искористија 38 затвореници и 7 болни и изнемоштени лица. За да биде успешен референдумот половина од регистрираните гласачи треба да излезат на гласање, а половина од нив да гласаат потврдно на поставеното прашање.

Според податоците на граѓанската асоцијација МОСТ за референдумот за ГТЦ, одзивот на гласачите до 17 часот е 34,55проценти. Според информации, добиени од набљудувачите, МОСТ, досега регистрирале неколку неправилности. Не едно гласачко место лице се претставило како набљудувач, но со себе не носело беџ, туку само копија од овластувањето од општинската изборна комисија. Лицето се уште е присутно на гласачкото место, иако со себе не ги носи сите документи потребни за набљудување на процесот.

Еден граѓанин што не можеле да го пронајдат на Избирачкиот список на едно гласачко место, бил пронајден во Избирачкиот список за граѓани со привремен престој во странство, по што би упатен на соодветното гласачко место и гласал.

Невладината Цивил јави дека провладините медиуми го бојкотираат известувањето за референдумот, а гласањето го бојкотираа и политичарите на власта. Своето право на глас го искористија претседател на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски и градоначалникот на Општина Центар АндрејЖерновски. Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој исто така живее во општината денеска беше на осветување на конаци во манастирот Јован Бигорски и досега не го искористи своето право на глас. Во Општина Центар живеат и поголем дел од министрите во владата и други државни функционери.

XS
SM
MD
LG