Достапни линкови

Цивил -Провладините медиуми го игнорираат референдумот


Невладината „Цивил“ која го надгледува спроведувањето на референдумот во Општина Центар за изгледот на ГТЦ соопштува дека МРТВ и медиумите кои се под контрола на власта го бојкотираат референдумот, а исто така соопштуваа дека регистрирале и други неправилности во текот на гласањето.

„Со разочарување можеме да констатираме дека огромен дел од приватните медиуми кои се под контрола на власта, целосно го игнорираат референдумот. Ако тоа и може да се објасни со ставот на власта, кој е негативен во однос на овој референдум и неговото спроведување, начинот на кој МРТ го бојкотира референдумот е целосно неприфатлив. Забележавме дека јавниот сервис МРТ не ја остварува ни денеска, на денот на гласање за Референдумот, својата улога, доделена со законите и статутот на МРТ“, велат од Цивил.

Според нив, спроведувањето на референдумот се одвива во релативно мирна атмосфера, но дека сепак, се забележуваат огромни проблеми со Избирачкиот список, со што на гласачите им се ускратува правото на глас. Голем број гласачи се откажаа од гласање поради лавиринтот во кој се наоѓаат, затоа што не можат да се најдат на списокот.
Воедно, набљудувачите на ЦИВИЛ забележаа и низа други нерегуларности во текот на гласањето.

XS
SM
MD
LG