Достапни линкови

Две жртви во судирите во Бурунди


Најмалку две лица се убиени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град на Бурунди, велат сведоци и претставници на Црвениот крст.Демонстрантите протестираат против обидот на претседателот да добие трет мандат на функцијата.

Полицијата првин со демонстрантите се справуваше со солзавец, а потоа наводно отворила оган со боева муниција. Стотици граѓани излегоа на протести еден ден откако владејачката партија одлучи актуелниот претседател на државата Пјер Нкурунзиза да биде прогласен за кандидат за претседател, и покрај тоа што противниците и активистите велат дека Уставот ограничува едно лица да ја врши претседателската функција само два мандати.

XS
SM
MD
LG