Достапни линкови

МОСТ, Хелсиншки и Цивил за референдумот за ГТЦ


На референдумот во Општина Центар до 14 часот излегле 26,15 отсто од регистрираните избирачи, покажуваат податоците на Граѓанската асоцијација МОСТ. Во МОСТ велат дека забележале случаи некои граѓани да ги нема во избирачкиот список и апелираат до гласачите, пред да излезат на гласање, на веб страницата izbirackispisok.gov.mk да проверат на кое гласачко место може да го остварат своето право на глас.

Од Хелсиншкиот комитет го набљудува спроведувањето на локалниот референдум во Општина Центар. Од таму велат дека во периодот од 07:00 до 13:30 часот до надворешните набљудувачи на Комитетот се пријавени нерегуларности.

На неколку места е гласачи се пожалиле дека членовите на избирачките одбори не можеле да ги најдат на избирачкиот список и ги препраќале на други локации иако граѓаните се убедени дека се упатиле на точно изборно место. Потоа имало случаи кога не изборни места се забележало полицајци во цивилна облека без задолжителните флуросцентни елеци. Забележано е и како член на избирачки одбор по грешка откинал 4 избирачки ливчиња со се делот кој треба да остане на кочанот. Направен е записник и ливчињата ќе се сметаат за важечки. Хелсишншки јавува и за појава на гласачи со лични карти кои според член на изборна комисија не можеле да живеат на таа адреса, оти таму има станбен објект во рана фаза на градење.

Комитетот констатира дека главно гласањето се одвива непречено и во демократска атмосфера со помал број на пријавени наводи за нерегуларности. Комитетот потсетува дека постојат телефонски линии каде луѓето може да пријават нерегуларности.

Невладината „Цивил“ која исто така со свои набљудувачи го мониторира референдумот за ГТЦ, на прес конференција соопшти дека според нивните набљудувачи има појава кога многу луѓе не можеле да се најдат на избирачкиот список, велат дека владее хаос и затоа луѓето се откажуваат од гласање. Од Цивил велат дека имаат дојави дека лифтовите во неколку згради во Центар намерно се расипани, потоа дека се кинеле плакати, неправилно се кинеле избирачки ливчиња, гласаат луѓе со лични карти на адреса на која има зграда во рана фаза на градење.

Претседателот на Цивил Џабир Дерала вели дека едно лица, наводно активист на ВМРО-ДПМНЕ на едно гласачко место вербално нападнал набљудувач на Цивил и член на Избирачкиот одбор, по што интервенирала и полицијата.

XS
SM
MD
LG