Достапни линкови

ДИК - До 13 часот излезноста е над 20 проценти


Според Државната изборна комисија до 13 часот на референдумот за ГТЦ излегле 9.043 граѓани на Општина Центар или 20,76% од гласачкото тело.

Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија. Вчера своето право на глас го искористија 38 затвореници и 7 болни и изнемоштени лица.

На денешниот референдум се гласа со ЗА и ПРОТИВ на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар во Скопје?“

XS
SM
MD
LG