Достапни линкови

МОСТ - Излезноста до 11 часот, 10, 29 проценти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ кои го мониторираат референдумот за ГТЦ, забележале неколку неправилности на избирачките места. Така на едно гласачко место на ул. „Народен фронт“ 8 гласачки ливчиња биле откинати заедно со делот кој треба да остане на кочанот и на кој се наоѓа серискиот број. Истиот настан се случил и на избирачко место на ул. „Мирче Ацев“, само што во овој случај се работи за 4 ливчиња. На гласачко место, пак, на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“, се работи за 2 ливчиња од кои едното е пуштено во кутијата заедно со серискиот број, а за второто реагирал претседателот на ИО, по што делот со серискиот број бил вратен во кочанот. На истото гласачо место забележано е и читање на глас на имињата на гласачите, велат од МОСТ.

Според МОСТ, на едно гласачко место е забележано како едно лице се расправало со претседателот на ИО на ова место, а расправијата продолжила и надвор од гласачкото место, по што интервернирала и полицијата и го отстранила лицето од објектот.

Според податоците добиени според програмата „паралелно пребројување на гласовите“, која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 9 часот е 2,83 проценти, до 10 часот е 5,95 проценти, а до 11 часот е 10,29 проценти, соопштуваат од граѓанската асоцијација МОСТ.

И од невладината ЦИВИЛ,која исто така го набљудува референдумот за ГТЦ, претходно јавија за нерегуларности на референдумот, а рекоа и дека имало притисоци врз нивните набљудувачи.

XS
SM
MD
LG