Достапни линкови

Додик се заканува со отцепување на РС во 2018


Најголемата партија на босанските Срби вчера најави ќе бара референдум за независност на Република Српска во 2018 година. Сојузот на независните социјалдемократи, чиј лидер е претседателот на Република Српска, Милорад Додик усвои резолуција, со која заканата за независност се претвори во официјална политика на партијата.

Додик ги обвини државните органи на Босна и Херцеговина дека се обидуваат да ги узурпираат автономните права на РС, гарантирани со Дејтонскиот мировен договор.

Согласно резолуциајта, доколку РС не си ги поврати надлежностите, кои и се гарантирани со Уставот до крајот на 2017 година, нејзиниот Парламентот, во кој партијата на Додик има мнозинство ќе распише референдум за отцепување од Муслиманско-хрватската федерација, другата автономска административна единица на БиХ.

Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ издаде соопштение во кое потенцираше дека според Дејтонскиот договор од 1995 година, двете административни единици на БиХ немаат право на отцепување од заедничката држава.

XS
SM
MD
LG