Достапни линкови

Фудбалско насилство во Белград - десетици повредени и уапсени


Најмалку 50 луѓе се повредени, а има и 41 уапсен по вчерашните жестоките судири меѓу ривалските навивачи на фудбалските клубови Црвена ѕвезда и Партизан, во Белград, соопштија властите во Србија. Насилството избило пред натпреварот помеѓу двата тима во главниот град. Натпреварот беше одложен за 40 минути, кога навивачите се нападнале меѓу себе со палки и камења. Приврзаниците на Црвена ѕвезда пак фрлале со седишта и пиротехнички факели кон полицијата.
Од српското Министерство за внатрешни работи велат дека во инцидентот полесно се повредени 35 полицајци.

XS
SM
MD
LG