Достапни линкови

Средношколскиот пленум ќе кампува пред МОН


Протест на средношколците пред МОН, 23 април 2015.

Протест на средношколците пред МОН, 23 април 2015.

Средношколскиот пленум одлучил утре, 27 април, во 10 часот да се постапи камп пред Министерството за образование. Најавениот фронт на бојкотот ќе биде стациониран во Паркот на новинари, спроти МОН, а средношколците 24 часа дневно ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги прими на средба. Од утре почнува четвртата недела како тие ја бојкотираат наставата и бараат средба со министерот за да разговараат за нивните проблеми. Од Средношколскиот пленум на денешната прес конференција пред МОН, соопштија дека бојкотот во училиштата продолжува, со тоа што учениците ќе ја бојкотираат наставата, а по завршувањето на часовите ќе се приклучат на кампот пред МОН.Тие велат дека не се плашат од тоа што, законски, уште две недели бојкот може да значи бркање од училиштата, и додаваат дека немаат намера да го прекинат бојкотот додека не се случи средбата. Средношколците бараат да се полага матура според стариот концепт, да се стави во мерување од 6 месеци екстерното тестирање, како и укинување наелектронското полагање на државна матура.

XS
SM
MD
LG