Достапни линкови

logo-print

Претседателски избори во Казахстан


Гласачите во Казахстан денеска гласаат на претседателските избори. Се очекува актуелниот претседател Нурсултан Назарбаев кој повеќе од две децении е на власт лесно да победи на изборите. Очекувањата за таков резултат се темелат на тоа што властите ја репресираат опозицијата и ги држат под строга контрола медиумите. Неговите двајца ривали не се многу познати и на нив се гледа како на про-владини фигури кои се вклучени во трката за да се создаде илузијата на изборната конкуренција.

Назарбаев е на чело на Казахстан, откако поранешната советска република стекна независност, во декември 1991 година.

XS
SM
MD
LG