Достапни линкови

Кипарските Турци избираат лидер


Кипарските Турци денеска во вториот круг од претседателските избори во меѓународно непризнатиот турски дел на Кипар избираат меѓу досегашниот претседател Дервиш Ероглу и независниот кандидат и некогашен градоначалник на турскиот дел на Никозија, Мустафа Акинчи.

Главна задача на новоизбраниот лидер на кипарските Турци ќе биде претставување на тој народ во преговорите за обединување на етнички поделениот остров, кои би требало повторно да бидат покренати во мај.

Во првиот круг од изборите, одржани минатата недела Ероглу доби еден процент повеќе од гласовите од Акинчи, откако значителен број од гласовите му зеде неговиот прво советник Кудрет Озерсај.

Аналитичарите сметаат дека Акинчи има шанси за победа, бидејќи во пресрет на вториот круг од изборите ја доби поддршата на левичарската партија, чиј кандидат во првиот круг заврши на трето место.

XS
SM
MD
LG