Достапни линкови

Најмалку 1.900 жртви од земјотресот во Непал


Повеќе од 1.900 луѓе загинаа во земјотресот што вчера го погоди Непал, соопштија тамошните власти.Според официјалните лица има и околу 4.700 повредени. Земјотресот се случи вчера напладне по локално време, со јачина на земјотресот од 7.8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот предизвика и лавина, па денеска во базниот камп на Монт Еверест се пронајдени седумнаесет тела, а стотици планинари се уште се заглавени.

Десетици илјади луѓе ја поминаа ноќта на отворено, плашејќи се да се вратат во своитедомови оштетени во земјотресот.

И денеска се регистрирани потреси додека трае операцијата за спасување на луѓе и додека им се доставува хуманитарна помош со камиони и хеликоптери на погодените. На многу места луѓето со голи раце копаат за да дојдат до преживеани под урнатините.

Вчерашниот земјотрес бил почувствуван и во Индија, Бангладеш, Тибет и Пакистан, каде што загинаа вкупно 60 лица.

XS
SM
MD
LG