Достапни линкови

Шојбле најави дека Берлин се подготвува за можен банкрот на Грција


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле најави денеска дека Берлин се подготвува за можен банкрот на Грција, правејќи паралела со тајноста на германските планови за повторно обединување во 1989 година.

На Шојбле на прес-конференција по состанокот со министрите за финансии на земјите од еврозоната му беше поставено прашањето дали министрите работат на „план Б“, доколку преговорите со Атина за пакетот финансиска помош доживеат неуспех.

„Не треба да ги прашувате одговорните политичари за алтернативите, рече Шојбле и наведе дека само треба да се употреби фантазијата за да се замисли што би можело да се случи.“

Тој наговести дека неговиот евентуален потврден одговор дека министрите работат на „план Б“ може да предизвика паника.

За да го појасни својот став тој направи паралела со тајноста, која била неопходна за време на првата фаза од планираното повторно обединување на Германија во 1989 година.

„Доколку тогаш одговорниот министер, а јас бев еден од нив, кажеше однапред, имаме план за обединување, тогаш веројано целиот свет ќе речеше: „Германците целосно полуделе“, додаде Шојбле.

На состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната Грција беше остро критикувана поради одолговлекувањето со реформите, кои треба да овозможат продолжување на финансиската помош на меѓународните кредитори.

XS
SM
MD
LG