Достапни линкови

Владата ги усвои измените за подолго породилното отсуство


Владата ги усвои измените на Законот за работни односи со кој се овозможува продолжување на платеното породилно отсуство, за мајките кои ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш, од 12 месеци на 15 месеци, информира денеска премиерот и лидер на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир во Охрид.

„Оваа мерка, која ја најавивме пред 7 дена, веќе е преточена во закон кој е пратен во Собранието и набрзо по усвојувањето ќе стане реалност“, рече Груевски пред охриѓани.

XS
SM
MD
LG