Достапни линкови

Груевски - Опозицијата го удави Охрид во криминал


Охрид заслужува повеќе и ние навистина правиме максимум колку што можеме да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно. Свесен сум дека има доста проблеми, свесен сум за секојдневието во Охрид, знам најизворно за вашите проблеми и знам дека мора да направиме нешто повеќе, иако и досега направивме многу нешта, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обраќајќи се пред присутните на народниот собир во Охрид.

Посочувајќи дека и опозицијата неодамна имаше настан во Охрид, рече дека токму таа го заглави Охрид во над 35 милиони евра долгови од кои, како што рече, глава не можеме да кренеме веќе две години, долг кој го враќа локалната самоуправа и кој досега е намален за 3 милиони евра, а исплатени се над 8 милиони евра камати. Тој зборуваше и за последното писмено обраќање на Бранко Црвенковски. Груевски најави нови инвестиции во Охрид и вработувања, нови авионски линии.

XS
SM
MD
LG