Достапни линкови

Поднесувањето на законот за бранители е уште една голема измама и лага на ВМРО-ДПМНЕ. За Груевски, бранителните немаат никакво значење. За Груевски тие се само карта во неговите раце со која може да се пазари со ДУИ, рече Благојче Трпески од СДСМ, објавувајќи ја „бомбата“ од Гостивар.

Коалициски пазар за Законот за бранители, злоупотреби на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, партиски вработувања и пазарот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред локалните избори, се дел од 26-тата „бомба“ на СДСМ. Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески, на денешната прес-конференција објави нелегално снимени телефонски разговори меѓу државни и локални функционери, кои, според него, докажуваат криминал и злоупотреби на власта.

Во првиот сет од разговори што го објави СДСМ, стануваше збор за злоупотреба на државните претпријатија во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ објави разговори меѓу Сашо Аќимоски, пратеник од Гостивар и Влатко Чинговски, сега веќе поранешен директор на ЕЛЕМ, во кои, како што велат се слуша како се правеле злоупотреби на државни институции во Гостивар, и како за ангажирањето на волонтери се прави со пазар меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Во еден од разговорите се слуша, велат од СДСМ, дека Јакимовски се жали дека од примените волонтери има повеќе Албанци од Македонци. На крајот од разговорот, велат од СДСМ, Чинговски вели, па ова се само волонтери, зар мислите дека ќе ги вработам, никого нема да вработам.

Машки глас 1 Ама јас морам да клаам 30, договорени се. Кај да ги стаам? Кај да ги најдам другите?
Машки глас 2: Не, мораме за 2-3 да намалиме и ќе биде добро.
Машки глас 1: Не можам да намалам. Не можам да намалам, тоа договорете се со ДУИ. Толку се. 28 му дадов од 150 луѓе. И веќе нема смисол. Тие бараа 40, јас ги намалив на 28.
Машки глас 2: Ама ова е пропаст за Гостивар, сега пред избори.
Машки глас 1: Нека е пропаст. Нека е пропаст. Вие не можете да прајте, не можете да прајте рејтинг врз основа на мене бе!
Машки глас 2: Ама они ми даваат список со 15 души.
Машки глас 1: Нема 15! Кажи му дека има 7. Нека си изберат кои 7 и нека ги дадат. И ова е волонтери бе луѓе! Што мислите бе вие, вработување ли е ова? Ниеден нема да вработам бе, ниеден нема да оди волонтер. Ќе ги стаам само Албанците, ниеден Македонец нема да помине. Јас ви кажувам. Па вие одете кај сакате!


Во еден од прислушуваните разговори, како што велат од СДСМ, меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, може да се слушне како таа Албанците од ДУИ ги нарекува со погрдни имиња, велат од СДСМ.

Следуваа и разговори за локалните избори во 2013 , меѓу, како што велат од СДСМ, поранешниот пратеник Дарко Димитриевски и Антонио Милошески, за тоа како Невзат Бејта добил поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да стане градоначалник на Гостивар. Едниот глас признава дека Руфи Османи има поголема поддршка, по што другиот вели -па може да излезе и да му дадеме поддршка на Бејта и пак да изгуби, па бадијала би ни била поддршката. А беше објавен и разговор на албански јазик, како што велат од СДСМ, меѓу Фатмир Бесими и соговорник, во кој може да се чуе за партискиот пазар на гласови и во Кумново, Тетово, Велес, Јегуновце....

Петтиот сет на разговори, како што рече Трпески, го потврдува лажниот патриотизам на Груевски во однос на Законот за бранители, кој никогаш не се донесе. Поднесувањето на законот за бранители е уште една голема измама и лага на ВМРО-ДПМНЕ. За Груевски, бранителните немаат никакво значење. За Груевски тие се само карта во неговите раце со која може да се пазари со ДУИ, рече Трпески.

Во еден од разговорите меѓу, како што велат од СДСМ, Силвана и Никола Груевски, тој предлага дур се скарани со ДУИ да го пуштат во Собрание Законот за бранители и како што вели - кога ќе дојде до гласање ќе го паркирам и ќе чекаме нив ништо да им затреба и ќе им речеме добро, ама вие прво изгласајте ни го ова.

„Машки глас: Силвана!
Женски глас: Ало, повелете Претседателе.
Машки глас:А бе синоќа ја, на Извршен не ми текна, ама после вечерта кога си легнав ми текна една идеја.
Женски глас: Да.
Машки глас:Сега дур сме ние скарани со овие, со ДУИ...
Женски глас:Мхм.
Машки глас: Да си го пуштиме денес Законот за бранителите у Парламент, пратеничката група. Аааа...секој ќе не разбере, таква е ситуацијата. Они многу ни го повредија достоинството на Македонците, на бранителите и така натаму. А...
Женски глас:Да не ни...в ред, в ред.
Машки глас: Ќе дојде до гласање, ќе го паркираме. И ќе чекаме момент кога ќе им треба на нив некоја битна работа, која што и така и така ќе треба да ја исполниме и тогаш ова. Ќе речеме: добро, ама вие, тоа да речеме после година-две, изгласајте ни го ова.

Од СДСМ велат дека може да се чујат и разговори меѓу Сашо Мијаков и Муса Џафери за Законот за бранители и како да се договорот околу тоа со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Машки глас 1: Е здраво.
Машки глас 2: Здраво Муса, како си?
Машки глас 1:Добар, добар. Вие?
Машки глас 2:Добар, еве и ја. Ова е завршена работа, повлечено, пуштено пак и така. Па...
Машки глас 1:А бе, јас читав ова, нели ќе барате и дискусииве во комисија да бидат по скратена постапка, тоа ќе биде потешко.
Машки глас 2: Нема да биде, не се секирај, ќе биде исто се. И затоа ти се јавувам да отидеме кај Трајко, ако можеме вечер. За да се издоговориме за сите детали.
Машки глас 1: Па кога можеме?

Машки глас 2: Па еве 9.30-10, можеш? Вечер.
Машки глас 1:Значи 9.30, океј можам.
Машки глас 2: Е така, измеѓу 9.30 и 10, сега ја ќе му јавам дека ние тоа време ќе дојдеме.
Машки глас 1: Ај ќе ми пишете порака точно кога.
Машки глас 2: Да, да, да. Важно тоа време 9.30-10.

А се слушнаа и разговори меѓу сопственикот и главниот уредник на Сител, за законот, односно, велат од СДСМ, никој не им кажал за коалициониот пазар на нив.Како идоговор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ законот да се поднесе, но никогаш да не се донесе, велат од СДСМ.

За поладневните часови е предвиден и марш низ улиците на градот, по што ќе има и митинг на градскиот плоштад, велат од СДСМ.

Претходно локални „бомби“, беа објавни во Велес, Штип, Куманово, Охрид, Прилеп, Битола, Струмица. Проектот насловен како „Вистината за Македонија“ нема да запре се додека власта на ВМРО ДПМНЕ не падне, а потоа и не почнат кривично да одговараат сите вмешани во кримналот- велат од опозициската партија.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG