Достапни линкови

Повеќе од 688 жртви од земјотресот во Непал


Владата во Непал соопшти дека најмалку 688 загинале во силниот земјотрес кој го погоди регионот на околу 80 километри од главниот град на земјата, Катманду.

Земјотресот урнал храмови и згради, а предизвикал и лавини на планината Еверест.

Замјотресот го погодил регионот предпладне по локално време на 25 април со магнитуда од 7,8. степени според Рихтеровата скала.

Официјални лица изјавија дека очекуваат бројот на жртвите да се зголеми.

Повеќето од смртните случаи се пријавени во главниот град и во густо населената Катманду долина. По силниот земјотрес имало и помали потреси кои се почувствувале и во регионот.

XS
SM
MD
LG