Достапни линкови

„Бомба“ од Гостивар - Партиски вработувања и пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ


Злоупотреби на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, партиски вработувања и пазарот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред локалните избори, се дел од 26-тата „бомба“ на СДСМ. Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески, на денешната прес-конференција објави нелегално снимени телефонски разговори меѓу државни и локални функционери, кои, според него, докажуваат криминал и злоупотреби на власта.

XS
SM
MD
LG