Достапни линкови

logo-print

Одбележена стогодишнината од почетокот на крвавата битка на Галиполе


Повеќе илјади луѓе денеска се собраа во Заливот Анзак на турскиот полуостов Галиполе за да им оддадат почит на десетиците илјади војници загинати во една од најкрвавите битки во Првата светска војна, што се случи точно пред еден век.

Британскиот принц Чарлс и премиерите на Австралија и на Нов Зеланд, Тони Абот и Џон Ки, зборуваа за херојството на војниците.

Истоварувањето на Галиполе го означило почеток на крвавата битка, која траела осум месеци, а загинале 44 илјади сојузнички и 86 илјади отомански војници.

Целта на неуспешната офанзива било да се обезбеди поморски пат од Медитеранот до Истанбул, преку Дарданелите.

Почетокот на битката на Галиполе ја одбележуваат и Турците, бидејќи со неа почнало создавањето на модерна Турција. Во битката на Галиполе учествувал и основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк.

По Галиполе, кое Турците го нарекоа Чанаккале, Ататурк пооведе војна за независност на Турција и во 1923 година ја основа Република Турција.

XS
SM
MD
LG