Достапни линкови

logo-print

Понта најави формирање на Крајовска група со Србија и Бугарија


Романскиот премиер Виктор Понта на денешната средба со Александар Вучиќ и Бојко Борисов најави формирање на Крајовска група, сочинета од Србија, Бугарија и Романија.

„Отворени сме и за други држави од Западен Балкан, бидејќи обединети можеме да постигнеме многу повеќе“, наведе Понта.

Понта,Вучиќ и Борисов денеска во Крајова разговараа за инфраструктурни проекти, соработка во областа на енергетиката и сообраќајот.

„Заедно можеме многу да направиме. Нашите три земји заедно најдобро ќе можат да ги штитат нашите економски и политички интереси. Ова е стратешка територија во Југоисточна Европа и уверен сум дека формирањето на Крајовската група ќе биде од историско значење“, посочи Вучиќ.

„Сакам да видам автопат Букурешт - Софија - Белград што е можно побрзо. Сакам што побврзо да видам и пруга која води кон Турција. Овие проекти не се добри само за нашите три земји, туку и за цела Европа“, изјави Борисов.

XS
SM
MD
LG