Достапни линкови

Средба Оланд - Алијев во Баку


Претседателите на Франција и на Азербејџан, Франсоа Оланд и Илхам Алијев, во Баку дискутираа за човековите права во Азербејџан и за спорот на земјата со Ерменија за отцепениот регион Нагорно-Карабах.

„Ние секогаш зборуваме за тоа“, изјави Оланд по средбата, мислејќи на слабото почитување на човековите права.

Групите за човекови права го обвинуваат Баку дека во затвор држи лажно обвинети луѓе, кои се критичари на власта и опозиционери.

Во врска со Нагорно-Карабах, Оланд претходниот ден во Ереван се сретна со ерменскиот претседател Серж Саркисјан и рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG